Тројца фудбалери од нашите редови се позитивни на вирусот ковид -19, – информираат од Градскиот фудбалски клуб Охрид.

Ни стигнаа три позитивни резултати од тестовите на нашите фудбалери кои ги направивме во четвртокот. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови. – стои во соопштението од клубот.

Од ГФК Охрид истакнаа дека ќе ги следат сите насоки од надлежните институции и ќе постапувамат согласно нивните инструкции.

OhridNews