Денес се одигра второто коло од “Трофеј Македонија“, во кое Хрватска убедливо ја совлада Србија, додека Македонија беше поразена од Црна Гора.
Во првиот натпревар Хрватска одигра одличен натпревар и стигна до убедлива победа над Србија со 28-15.
Во вториот дуел македонската репрезентација беше поразена од Црна Гора со 29-23.
Најефикасна во македонскиот состав беше Ристовска со осум погодоци, додека Јаневска постигна четири гола. Во составот на Црна Гора, Мугоша и Савиќ постигнаа по пет погодоци.
По две одиграни кола, Хрватска и Црна Гора имаат по три бода, Македонија е на третото место со два бода, додека Србија е четврта без освоен бод.
Во третото коло утре од 17:00 часот ќе играат Србија и Црна Гора, додека од 19:00 часот Македонија ќе ги одмери силите со Хрватска.
OhridNews











