Финалниот ден на „Трофеј Македонија“ во Охрид донесе одличен ракомет и возбудување до самиот крај.

Македонија ја изненади Хрватска, додека Црна Гора во драматичен финиш стигна до победа над Србија.

Македонија ја совлада Хрватска со 25:22 и со оваа победа стигна до четири освоени бода и второто место на турнирот,  додека Хрватска заврши трета со три бода.

Црна Гора, пак, ја совлада Србија со 20:19, со победнички гол постигнат во последната секунда. Со пет освоени бода, Црна Гора го освои првото место, додека Србија заврши без бодови.

По завршувањето беа доделени и индивидуалните признанија.

Ивана Савиќ од Црна Гора беше прогласена за МВП на турнирот, Сара Ристовска од Македонија за најдобар стрелец, а Луција Бешен од Хрватска за најдобар голман.

OhridNews
Фото: РФМ I Фејсбук