Охридскиот велосипедист Јован Јованоски триумфираше во кластаа кадети на Трофејот Македонија кој традционално по повод празникот 11 Октомври се одржа во Куманово.


Патеката со вкупна должина од 4,5 км класата на жени, кадети и мастерс имаа за задача да извозат 7 круга, класата на јуниори 13 круга, а класата на сениори 15 круга. ВК Екодром во класата на кадети за учество во натпреварот покрај Јован Јованоски, за прв пат се пријавија Петар Упевчески и Новица Вељаноски.

Во директната пресметка со “домаќинот“ Ѓукич од Вело-М Куманово, посупешен беше Јованоски кој се закити уште со еден златен медал, а и го освои Трофејот на Македонија, што спред традицијата е престижна награда во велосипедизмот во Македонија.


Петар Упевчески успеа да се избори за шестото место , а Новица Вељаноски за осмото место, што навистина претставува солиден резултат, со оглед на тоа дека и двајцата за прв пат се натпреваруваат во класата на друмски велосипедизам.


По завршувањето на натпреварот, членовите на клубот со своите велосипеди се упатија да ја освојат неолитската опсерваторија Кокино. Желба која постоеше одамна, а според проектот ’’ да ја запознаеме нашата околија ’’ оваа прилика за присуство на членовите од клубот на последниот натпревар во Куманово, со помош на Локалната Самоуправа на Охрид  во поглед на трошоците за превоз,  успеаa да ја реализират.


Величенствен поглед



ohridnews