Секој на свој начин се збогува денеска со Давиде Астори кој не се разбуди од сонот во пресрет на мечот помеѓу Удинезе и Фиорентина во Серија А. 31-годишниот фудбалер кој ја носеше капитенската трака на „виолетовите“ без знаци на живот пронајден беше во кревотот од хотелската соба.

Од сите пораки, најмногу се издвојува од Џиџи Буфон. Голманотн на Јувентус со чиста емоции се збогуваше со Астори кој пред две недели стана родител.

– Ретко кога јавно го кажувам моето мислење или коментирам, но во твојот случај ќе направам исклучок, бидејќи имаш млада сопруга која пати моментално и мало девојче кое треба да знае дека имаше добар татко. Ти беше најдобриот пример за светот во кој моментално нема ништо вистинско. Мило ми е што те запознав и што се дружев со тебе. Почивај во мир. Твојот луд Џиџи. – стои во пораката од Буфон.

Смртта на Астори ги одложи сите мечеви во италијанскиот фудбал, а капитенот на „виолетовите“ со сите клупски почести ќе биде испратен во вечноста.

Трагедија во Италија, ненадејно почина капитенот на Фиорентина

OhridNews