Емилијано Сала вчера беше погребан во аргентинскиот град Санта Фе, каде несреќниот фудбалер го помина своето детство. На погребот присуствуваа луѓе од Нант, Кардиф и аргентинската федерација кои помогнаа околу транспортот на фудбалерот.

Церомонијата за збогувањето започна од матичниот клуб Атлетико на фудбалерот, а продолжи во целиот град кој се поздрави со несреќниот Сала.

 

Сала животот го загуби во авионската несреќа која се случи на 21 јануари. Тој патуваше од Нант за Кардиф и требаше да му се приклучи на новата екипа но авион од мистериозни причини исчезна од радарот, а потоа пронајден беше на дното од каналот Ла Манш.

Телото на пилотот Дејвид Иботсон кој го управуваше авионот „Пајпер Малибу“ не е пронајдено, а потрагата продолжи, но се уште нема позитивен епилог.

OhridNews