Пари Сент Жермен ја потврди доминацијата во францускиот фудбал освојувајќи ја третата титула сезонава. Тројната круна „светците“ ја комплетираа со титулата од Купот на Франција. Во финалето ПСЖ со 2-0 славеше над Лес Хербес.
Избраниците на Унаи Емири претходно ги освоија титулите во Првата француска лига и Лига купот, а сезоната ја навија со пехарот од францускиот Супер куп, но таа титула не е вредна како трофеите од Куповите и националното првенство.
Доминацијата во Франција, ПСЖ не ја преточи во Европа односно во Лигата на Шампиони, каде елиминација доживеа од Реал Мадрид во 1/8 финалето.
OhridNews