Две лица од Охрид, на возраст од 24 и 18 години, и едно 37- годишно лице од село Лешани, заработија кривични пријави за сторени четири кривични дела „тешка кражба“.

Во периодот од 15- ти до 18- ти мај, еден од пријавените со употреба на сила влегол во четири станови на ул. „Даме Груев“ и „Сирма Војвода“ во Охрид, од каде одзел златен накит и 4.750 денари со што се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари. Другите две лица додека траела кражбата биле задолжени да надгледуваат пред објектите.

OhridNews