СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица  на возраст од 26, 23 и 19 години, сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

На 07.11.2017 година околу 01.00 часот во Охрид, на ул. „Булевар Туристичка“, пријавените со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 23 годишно лице од Охрид, при што му одзеле мобилен телефон, соопшти МВР.

OhridNews