Со помош на Агенцијата за вработување на Република Македонија, тројца охриѓани, успеале да земат поволни кредити и да започнат сопствен бизнис. Според списокот на одобрени бизнис планови објавен во јануари 2014 година, може да се види дека на апликантите од Охрид им се одобрени по 3.000 евра.

Овие кредити се дел од Програмата за самовработување со кредитирање, што Министерството за труд и социјална политика ја имаше предвидено во рамки на Активните политики за вработување.

Од охридскиот Центар за вработување велат дека апликантите за оваа програма, биле обврзани да приложат бизнис план за реализација и да регистрираат фирма на свое име. Потоа овие документи биле  разгледувани од посебна комисија на  Министерството, која што одлучила кои од апликациите ќе се достават до банките.

OhridNews