Три лица од Лабуништа се повредени во инцидент, што вечерва се случил во струшкото село Враништа.
Според првичните неофицијални информации, тие враќајќи се од прославата на изборната победа на ДПА во Струга кон Лабуништа, биле пресретнати и нападнати од непознати лица, кои им нанеле повреди со тврди предмети.
Нападнатите биле пренесени во струшката болница, каде им биле констатирани лесни телесни повреди. По укажаната лекарска помош, тие биле пуштени на домашно лекување.
Полицијата работи на расветлување на инцидентот.