Три лица се повредени во тепачка на две групи млади што утрово околу 4 часот се случила пред угостителски локал на ул.„Пабло Неруда“ во Струга, сооопшти МВР.
Како што информираат од полицијата во тепачката 21 годишно лице биле повредено од удар со шише во пределот на челото, дваесетгодишник се задобил со две убодни рани од нож во колк, додека уште еден учесник во инцидентот на возраст од 21 година се задобил со убодна рана во нога и левата страна на градниот кош. Сите повредени се од Струга. На истите им е укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди, а едно од лицата било задржано на понатамошно лекување во Медицинскиот центар во Охрид.
СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
OhridNews