Кривичниот суд потврди дека против тројца пратеници е изречен притвор, а за тројца од нив мерката домашен притвор, пренесува Макфакс. Триесетдневен притвор добија пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Љубен Арнаудов и Сашо Василески, како и пратеникот Крсто Мукоски од Вевчани. Мерка домашен притвор им е изречена на уште тројца пратеници од ВМРО ДПМНЕ Љупчп Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.
„Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на Обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К.М., Љ.А. и С.В. го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст. 1, т. 1,2 и 3 од ЗКП. За Ј.Т. и Ж.П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ.Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата“, пишува во соопштението на кривичен.
Притворените пратеници се дел од 36-те лица што Основното јавно обвинителство ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
OhridNews
Извор: Макфакс