Синоќа, после полноќ , од засега непознати сторители, украдени се три мотори кои биле во сопственост на странски државјани од Република Словенија кои привремено престојувале во Охрид.

Неофицијално, тие биле отседнати во приватно сместување кое се наоѓа во близина на зградата на охридската полиција. Моторите биле паркирани пред објектот во кој словенците биле сместени. Исто така неофицијално дознаваме дека моторите биле украдени еден по еден и дека постојат видео докази за настанот.

Кражбата е пријавена во СВР- Охрид од каде информираат дека се работи на расветлување на случајот и откривање на сторителите. 

OhridNews