Истражен судија попладнево им одреди притвор во траење до 30 дена на тројцата насилници кои синоќа демолирале угостителски објект на улицата Партизанска.
Како што соопшти СВР Охрид, синоќа три лица околу 22 часот упаднале во угостителскиот објект во центарот на Охрид и започнале да го уништуваат инвентарот, при што предизвикале страв кај присутните кои го напуштиле објектот. Полицијата работи на расветлување на случајот.