
Пожарот го гаснат пожарникари од противпожарната единица од Гевгелија, но пожарот се гасне многу внимателно, бидејќи според соговорникот, имало уште неколку експлозии, велат од Центарот за управување со кризи за Макфакс.
Oфицијални информации за други повредени нема, повеќе информации се најавуваат по гаснењето на пожарот.
Пожарот во фабриката „Балкан гасови“ која произведува мали плински боци избувна утрово и предизвика експлозија.
Ohridnews
Извор: Макфакс












