ЈП Колекторски систем, согласно Решението добиено од Регулаторна комисија, од денес почна со дистрибуција на сметки за сите физички и правни лица на територијата на општините Охрид и Струга. Во соработка со АД Македонски Пошти истите ќе бидат доставени на домашна адреса, информира јавното претпријатие.

Новата сметка не претставува никакво ново задолжение, туку истата е само одделена од досегашните сметки кои беа издавани од страна на јавните претпријатија Водовод – Охрид и Водовод и канализација – Струга, а се однесуваа на наплата за одведување и третман на отпадни води.-стои во соопштението за јавност.

0Наплатните пунктови на претпријатието се наоѓаат во Охрид, во новите простории на градскиот пазар на првиот кат и во Струга, во делот од градското пазариште на кат наспроти маркет ,,Миса”.  Сметките може да се плаќаат и преку наведените жиро сметки на самата сметка.

Во тек е подготовката за електронското плаќање на сметки кое ќе профункционира од наредниот месец кога истовремено ќе отпочнат со работа и наплатните шалтери на Македонска Пошта каде што граѓаните ќе ја имате таа можност.- информира ЈП Колекторски систем.

OhridNews