
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците за живот во ноември е забележан кај свежиот зеленчук за 5%, други прехранбени производи за 0,7 %, кај јајцата и конзервираните месни производи за 0,6%, кај алкохолните пијалаци за 0,5%, кај лебот, житариците и рибата за 0,2%, кај цврстите горива за 5%, авионскиот превоз на патници за 2,8%, а кај услугите за сместување за 1,8%.
Намалување на трошоците на животот има кај свежото овошје за 5 отсто, месото за 0,4%, кондиторските производи за 0,2%, гасот за домаќинствата за 6,3%, автомобилите за 6,1% и течните горива за домаќинствата за 4,7%. Исто така намалување за 3,9 % е регистрирано кај течните горива и мазива, а кај информатичката опрема има намалување за 2,9%.
OhridNews












