Жители oд населбата кај Музичкото училиште се жалат дека при неодамнешните градежни работи за реконструкција на тротоарот, кои се одвиваа за време на туристичката сезона, бил оштетен паркингот за возила кој тие сами го изградиле.
За проблемот тие ги информирале надлежните од каде добиле уверување дека оштетувањата ќе бидат санирани, а помош побарале и од советник.
-Се чистеше другата страна на туристичка од земја, ѓубре и лисја и се пополнуваа дупките во нашиот паркинг и зеленилото каде ископаа дупки при градбата, Сам себе си поставувам прашање па дали се сериозни. Пробав да стапам во контакт со советниокот Климе Шешо добив порака „ЗАФАТЕН СУМ ПРАТЕТЕ МИ ПОРАКА“, на вибер му испратив слики порака и добив само еден „Seen“ (ВИДЕНО) и толку. – вели Тино Секулоски, жител на населбата, кој целата кореспонденција со советникот ја објави јавно на неговиот фејсбук профил.
Жителите кај Музичкото училиште очекуваат оштетниот приватен паркинг целосно да биде саниран.
OhridNews













