Три лица се повредени во сообраќајна незгода меѓу товарно и патничко возило што вчеравечер се случи на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.

Незгодата се случила околу 19 часот на патниот правец Охрид – Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според очевидци, незгодата се случила меѓу товарно возило со албански национални ознаки и патничко моторно возило со охридски регистерски ознаки.

Повредените се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

OhridNews