На последната седница на Извршниот одбор претседателот Ѓорѓи Трпчески самоиницијативно и доброволно се повлече од функцијата претседател на ЗП на Охрид и Дебрца кој на оваа раководно место беше подолги години, прво како стручен соработник, секретар и претседател на ЗП.

Информацијата за OhridNews ја потврди и самиот Трпчески нагласувајќи дека самоволно и од приватни причини се повлекува од функцијата, нагласувајќи дека има и помлади членови од него кои можат да ја вршат оваа функција.

По барање на членовите, сепак Трпчески ќе остане само како член на Извршниот одбор, како континуитет во работењето на здружението, и да дава смерници и насоки на новите членови на органите со свото долгогодишно искуство.

Трпчески, кој ги помина сите „скалила“ во здружението, даде особен придонес во севкупниот развој и успесите што ги постигна оваа граѓанска организација од третата доба. Благодарение на неговите организаторски способности, ентузијазмот, познавањето на пензионерската проблематика, ангажманот и несебичното залагање, ЗП Охрид и Дебрца со 11.500 пензионери беше и остана најреспектабилно здружение во рамките на СЗПМ со многу награди, и признанија. Поради неговата умешност во раководењето и знаење, се создадоа услови Трпчески да го води здружението полни 27 години.

За своите неспорни заслуги има добиено многу значајни награди и признанија од локално и републичко значење, меѓу нив и највисокото општинско признание „Повелба на Свети Климент Охридски на град Охрид, за 2012 година.

OhridNews