Поради реконструкција на водоводната линија, жителите и гостите во с.Трпејца без вода ќе останат во наредните два дена.

Како што соопшти МЈП „Проаква“, прекин во снабдувањето со вода во познатата туристичка населба ќе има на 23.06. и на 24.06.2011 год., четврток и петок во периодот од 08:00 – 16:00 часот,а во текот на ноќта ќе има намален притисок.

Прекините во водоснабдувањето во градот и приградските населби во последно време се  речиси секојдневни, а од „Проаква“ тоа го оправдуваат со дефекти, рекоснтрукции и сервисни интервенции.

OhridNews