Првиот труден маж на светот, 34 годишниот Томас Бити кој е во шестиот месец од бременоста, гостуваше кај „најмоќната ТВ водителка на светот“ Опра Винфри, која во својата емисија ги прикажа и ултразвучните снимки од плодот на Бити.

-Желбата за дете не ниту женска ниту машка. Тоа е човечка желба-изјави Бити, додавајќи дека има „многу стабилен машки идентитет“ и поради бременоста воопшто не се чувствува „женствено“.


Бити е роден како жена, но пред 10 години одлучил да стане маж. Поради тоа земал тестостерони и ги оперирал градите за да ги отстрани млечните жлезди.

-Одлучив да не ги оперирам репродуктивните органи затоа што сакав еден ден да станам родител – и кажа на водителката Опра.


Во шоуто беше и сопругата на Томас, Ненси, која веќе има две возрасни ќерки од претходниот брак. Таму откри дека го оплодила сопругот со шприц со сперма која ја купиле во банка за сперма.


Гинекологот на Томас, Д-р Кимберли Џејмс изјави дека бременоста е нормална и дека „мајката“ престанала да зема тестостерон пред две години, па сега нивото на хормони е нормално.


-Бебето е потполно здраво, изјави Д-р Кимберли, која грижата за бременоста ја презела после одбивањето од страна на неколку доктори каде се обратиле идните родители.
„Малата принцеза“, како што ја нарекува таткото во чија утроба девојчето се развива, би требало да се роди околу 3 јули.