Ситуацијата со Никола Струјиќ кој беше нападнат и истепан од навивачите на Војводина добива друг дел, откако фудбалерот го тужи клубот за загрозување на животот.
На овие клевети клубот возвраќа со суспензија за непрофесионализам, односно за непојавувањето на тренинг.
– Го суспендиравме Трујиќ поради неизвршени професионални работи кон клубот. Тој не се појави на тренингот закажан од тренерот, што автоматски поведува дисциплинска постапка. Имавме контакт со неговиот адвокат, кој ни потврди дека фудбалерот ќе поднесе тужба и барање за раскин на договорот. – изјави за српските медиуми Драгослав Вуковиќ.
Навивачите, фудбалерот го нападнаа и истепаа во соблекуланите после мечот со Ружомберок во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, кој Војводина го изгуби 2-0 и отпадна.
OhridNews