Фијат Цаноски ќе ја тужи државата пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, поради уривањето на неговиот станбен комплекс „Космос“. 

На денешната прес – конференција Цаноски соопшти дека со рушењето на овој комплекс нему му се ускратени човековите права како граѓанин на Македонија И при тоа додаде дека ангажирал американски адвокат кој се занимава со меѓународно право и човековите права, Дејвид Серџ кој ќе го брани пред Судот за човекови права.

Цаноски не открива колку пари ќе бара за обесштетување, но според документите кои ги поседува, средствата кои се вложени и со оглед на нарушувањето на неговиот углед и угледот на неговата фирма, тој вели дека тоа се десетици, десетици милиони евра.
 
Тој вели дека нема да ги прескокне нашите судови, неговите адвокати имаат испратено жалби и тужби до македонските судови за кои што се молчи. Тие ќе бараат од Стразбур да се прекине рушењето. Цаноски и понатаму тврди дека целата постапка за градба била во соглансот со Законот.
 
Комплексот “Космос“ почна да се руши минатата недела. Како што тврдат од Општина Гази Баба објект е надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба при службите на општината.

Ohridnews