Општините ќе може да го зголемат бројот на вработени во градинките и во предизборен период, доколку има потреба за дополнителни вработувања од итен и неодложен карактер. Министерство за труд и социјална политика по изборниот период ќе даде согласност за нив и тие ќе си бидат вклучени во градинките како негователи или воспитувачи согласно каков кадар ќе има потреба, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Посочи дека има потреба од поголем број кадар во градинките и додаде дека во изминатите 11 години е направен недостиг на кадар во градинките од повеќе од 2.000 луѓе, што, според неа, значи дека системски се уривала заштитата на деца во Македонија.
„Во делот на втората смена во градинките сметаме дека голем дел од граѓаните ја имаат оваа потреба и ние како Влада одговорно се однесуваме кон потребите на граѓаните,вели Царовска.