28 руски спортисти ќе имаат можат да настапат на Олимписките игри во Пјонгчанг откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана им ја укина доживотната забрана што им ја изрече Интернационалниот Олимписки комитетет (ИОК), поради систематско користење допинг пред четири години на Игрите во Сочи, јавува „Телма“.

ЦАС објави дека за овие 28 случаи немало доволно докази за допинг и од таа причини ги уважи жалбите, а резултатите што им биле поништени на руските спортисти повторно се важечки. 

ЦАС делумно ја прифати жалбата на други 11 ет спортисти, кои наместо доживотна, добија само забрана за настап на Олимписките игри во Пјонгчанг, кои ќе започнат на деветти февруари.

OhridNews
извор: „Телма“