Граѓаните на Стивенејџ и соседниот Хичин, во Англија, во паника ги пребаруваат ташните, креветите, перниците, па дури и вработуваат помагачи во очајна потрага да пронајдат лото ливче вредно речиси 64 милиони фунти. Кога операторите на британската национална лотарија во јуни оваа година соопштиле дека добитното ливче е купено во округот Хертфордшир, очекувале дека среќниот добитник ќе се појави во рок од неколку дена. Шест месеци подоцна, сеуште никој не се појавил по премијата, што е моментално најголема награда во историјата на лотаријата која не е подигната.
Доколку добитникот не се појави до 23 часот, износот никогаш нема да биде исплатен. Доколку сепак се појави, ќе има право и на камата во износ од 645 илјади фунти. Со сите тие пари би можел да купи 339 просечни куќи во Стивенејџ или повеќе од два милиони шишиња шампањско. Потенцијални добитници има повеќе од доволно, рекол еден сопственик на киоск во градот. Рекол дека се јавиле десетина лица кои биле убедени дека се добитници, за на крај разочарани да сватат дека не ја избрале добитната комбинација. Операторот на државната лотарија рекол дека сеуште не е доцна, потенцитрајќи еден пример кога во 2009 година добитник на 2,5 милиони фунти ја подигнал сумата пред самото истекување на рокот.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Сопственикот на платформата OnlyFans, Леонид Радвински, бизнисмен од украинско потекло, профитирал повеќе од 630 милиони долари Оваа британска стриминг-компанија, позната по содржините објавувани о...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.