Забавата во Охрид, денес, на последниот ден од 2017 запоќнува на пладне на градскиот плоштад со радио емисија во живо и настап на најдобрите од охридските детски фестивалчиња.

Новогодишната забава ќе започне во 19 часот. Водител и задолжен за хумор од 20 до 20.30 часот ќе биде Жанко ЗШ Голабоски. Од 20.30 до 21 часот музика ќе пушта ДЏ, по што ќе следи Охрид СуперСтар од 21 до 21.30 часот. Присутните ќе можат да уживаат во староградската музика од охридскиот ансамбл Билјана Јуниор  од 21.30 до 22 часот, по што ќе следи настапот на Анита Мицова.

Забавата со Даниел Кајмаковски ќе започне во 22.30 и ќе трае до 1 часот.

Инаку, на сцената кај Чинарот во тек е „Чоколадниот новогодишен свет“, како и Баскер фест – посебна програма во Центарот на градот со баскер – уметниците како надополнување на музичката програма.

OhridNews