Улицата „Петрино“ е компелтно санирана и асфалтирана. Санацијата е извршена со средства на локалната самоуправа.

Како што изјави градоначалникот Бакрачески, кој денеска беше во обиколка на местата каде во тек се градежни активности, квалитетот на изведените работи е согласно прописите, односно според сите стандарди.

-После подолг временски период жителите на Петрино можат конечно да се движат по уредена и асфалтирана улица. Во неколку мои претходни изјави кажав дека нема да дозволам како до сега да се спроведува пракса да улиците бидат асфалтирани само за изборни цели, без претходно да се спроведат сите стандарди кои ги налага секторот за комунален развој при Општина Охрид за да се асфалтираат улици без задоволување на комплетните стандарди и од тие причини исти таков проблем имавме и на оваа улица. На оваа улица недостасуваа 200 метри водоводна мрежа, потребна беше реконструкција на старата водоводна мрежа и не беше обезбеден соодветен тампон денеска добивме улица која ги задоволува сите стандарди за нормално користење. – изјави Градоначалникот Никола Бакрачески 

Улицата „Крум Точко“ , која што се наоѓа во слична ситуација како и оваа, без водоводна и канализациона мрежа, од денес продожува да се асфалтира, така што со овие две улици го завршиуваме годишниот план што претходно беше зададен од секторот за комунален развој и сообраќај и од наредната година се продолжува со поинтензивно асфалтирање на голем број улици во градот, во околните населени места и во селата, онака како што беше најавено, додаде Бакрачески. 

OhridNews