Во вторник, 17-ти април, со почеток во 20 часот воголемата сала на Центарот за култура во Охрид, целовечерен концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ”.Влез е 150 денари.

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: “11 Октомври”, “Климент Охридски”, наградата од градот Скопје “13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Р. Македонија. “Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

OhridNews