Остануваат само две кола до крајот на “Лигата на Петлиња“, на програмата беше седмата рунда. “Петлињата“ во ваков натпреварувачки систем се натпреваруваат прв пат, а професорот во основното училиште Климент Охридски, Љупчо Тасески смета дека е полн погодок.

– Од првото до седмото коло се гледа голем напредок кај дечињата. Наша цел е да го издигнме спортскиот дух во учениците. Ова воедно треба да биде показател за сите екипи како се работи со талентите. Вака се среќаат прв пат меѓу школите затоа и ривалството постои меѓу нив.

Професорот се надева, дека ваквите натпревари ќе прерасна во традиција која долги години ќе се негува во Охрид.

Мх.П.