Пораст од 3,3 отсто бележат цените на мало и 2,7 отсто на трошоците за живот за октомври 2010 година во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Според податоците цените на мало за октомври се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец оваа година, а трошоците за живот за 0,3.

Пораст на трошоците на животот од 0,3 отсто е резултат на повисоките цени на зеленчукот за 3,9 отсто, цигарите за 1,8 отсто,  мастите за 1,6 проценти,  јајцата за 1,3 отсто, млечните производи за 0,9 проценти.
Во октомври, пораст на трошоците на животот е забележан и кај комунално- станбените услуги за 2,4 отсто, обувките за два, течните горива и гасот за 1,7 отсто, облеката и нафтените деривати за еден отсто.

Намалување на трошоците на животот во октомври во споредба со претходниот месец оваа година забележано е кај овошјето за шест отсто, преработениот зеленчук и средствата за образование за 0,4 проценти.

OhridNews