Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2012 година, во споредба со јуни 2012 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0.6%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2012 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.2%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јули 2012 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.3%, додека во однос на декември 2011 година е зголемен за 0.2%.

OhridNews