Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2012 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, останал на исто ниво, додека во однос на декември 2011 година бележи зголемување за 0.3%.