Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин кој функционира во рамки на Црвениот крст од Охрид започнува со уписи на нови членови на возраст од 5 до 14 годишна возраст, кои се заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма.

Преку оваа програма тие ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација и решавање на проблеми.

Детални информации за оваа програма и за уписите, заинтересираните родители ќе можат да  добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата, кој ќе се реализира во сабота на 23-ти јануари 2016 година од 10-14 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат целосен развој на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефективно, велат од Црвениот крст.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2010 година. За успешноста на Бреинобреин центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на трите државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013 и 2015 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб, Хрватска и во Дубаи, Обединети Арапски Емирати во 2015 година.

OhridNews