Во Центарот за култура „Григор Прличев“ се очекува да пристигне новата филмска опрема, како дел од проектот за обновување на вкупно 14 кино сали во земјава.

По извршената проценка од страна на комисиијата при министерството за култура било утврдено дека во охридскиот Центар за култура за прикажување на филмските проекции неопходно е да се набави нов дигитален филмски проектор.

–    Според информациите кои ги добивме, тендерот е веќе завршен и очекуваме до крајот на годината новиот проектор да пристигне. Пред извесен период беше набавено и ново платно за прикажување на проекциите, сега со дополнителната нова опрема ќе можеме да одиме во чекор со новите современи трендови и се надевам публиката во иднина ќе доаѓа уште во поголем број и со задоволство ќе ги следи најновите остварувања од светската филмска продукција, вели директорката Драгана Боцевска.

Проектот на министерството за култура за обновување  на кино салите во Македонија ќе се реализира во текот на три години. Охрид е во првата фаза за доделување на средства.

OhridNews