Велика Сабота е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение.

Централната богослужба за Велигден во Охрид ќе се одржи во Свети Климентовиот храм Свети Пантелејмон на Плаошник со почеток во 23:30 ч. Со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.



Велигденска богослужба ќе има во сите парохиски цркви во Охрид кои ќе ги отворат вратите за своите верници и бројните гости.

Распоред на богослужби за Велигденските празници

03.04.2010 – ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.
04.04.2010 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.00 часот.

04.04.2010 – ВЕЛИГДЕН
Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца со почеток во 17 ч.
Вечерна Архиерејска богослужба во црквата „Св. Софија“– Охрид.

05.04.2010 – Втор ден ВЕЛИГДЕН (ПОНЕДЕЛНИК)
Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.
Архиерејска литургија во црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево.
    
06.04.2010 –Трет ден ВЕЛИГДЕН (ВТОРНИК)
Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.
За Варош, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“.

07.04.2010 – БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СРЕДА)
Архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ – Охрид, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

08.04.2010 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК
Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

09.04.2010 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
Света Архиерејска литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

11.04.2010  – ТОМИНА НЕДЕЛА
Преосветување на Светиот Престол и света Архиерејска литургија во црквата „Свети Никола“ – Долна Маала – Охрид, со почеток во 8.30 часот.


OhridNews