Централниот регистар на Република Македонија ги известува сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година и во сабота на 24-ти февруари, од 08:00 до 16:00 часот во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар.

На 26.02.2018, 27.02.2018 и 28.02.2018 година Централниот регистар ќе работи од 07.00 до 21.00 часот. За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2018 година.

OhridNews