Фудбалерите на Челси на стадионот од Вест Бромбич Албион со минимален триумф (1-0) ја осигураа титулата во Премиер лигата. Новата титулата за „сините“ шеста во историјата, иначе петта во ерата на Премиер лигата.
– Нервозата во нашиот табор во првиот дел си го направи своето, но во соблекувалната се договоривме да играме смирено и стрпливо да ја чекаме вистинската шанса за победа. Прославата на титулата со навивачите е најубавиот момент, а забавата допрва ќе продолжи кога ќе појавиме пред нашите верни подржувачи на Стемфорд Бриџ. – изјави Цеск Фабрегас.
Капитенот во отсуство на Џон Тери, Тим Кејхил додаде дека „сините“ заслужено неговиот тим ја прославува титулата. – Овие моменти се паметат, а за да стигне до ова треба напорно да се работи. Од ден во ден бевме се подобри и подобри и покажавме најдобар фудбал во текот на целата сезона.
Челси шампион во Англија ! (видео)
OhridNews