Министрите во ЕУ предлагаат нов закон кој ќе ги принуди производителите на цигари да произведуваат самогаслива цигара, во обид да се спречат илјадниците пожари годишно во ЕУ како последица на заборавена запалена цигара.

Во Британија, околу 5 000 пожари секоја година се предизвикани случајно, од страна на пушачи кои заспале в кревет со цигара в раце. Во 2004, 114 луѓе загинале во ваков тип пожари, а преку 1000 луѓе добиле изгореници.

По препорака на пожарникарите и авторитетите во таа област, ЕУ министрите предлагаат сите цигари кои се појавуваат на пазарот да бидат самогасливи. Новиот стандард на цигарите т.н. „намалена склоност кон запалување“ би требало да ја намали бројката на настрадани во несреќи поврзани со пушење барем за една третина.

Во Канада, каде самогасливите цигари се законска обврска, бројот на пожари бил намален за две третини.

Многу силното лоби на производителите на цигари се опира на оваа иницијатива.

Од Philip Morris бараат да видат повеќе докази дека новите цигари би спасиле повеќе животи.

Портпаролот изјави: „Загрижени сме дека новите цигари ќе предизвикаат незадоволство кај пушачите. Не постои цигара која не може да предизвика пожар“.

Извор: „АмстердамПост“