Од  17- ти до 20- ти септември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажуваат македонски документарни филмови  за Охрид.

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да ги проследат филмовите: „ Охридско езеро“ снимен во 1958 година во режија на Денеш Ото, „ 12- те од папрадник“ од 1965 година во режија на Димитрие Османли и филмот „ Охридски трубадури“ снимен во 2005 година во режија на Атанас Чупоски.

Почеток на проекциите  е во 20 часот, влезот е 60 денари.

OhridNews