Циклус руски филмови насловен „Војна и мир во рускиот филм“ од денес 09 мај, до 15 мај ќе се прикажуваат и во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, како дел од проектот за активирање на киносалите во Македонија, инициран од Владата, Министерството за култура и Филмскиот фонд.

Ќе бидат прикажани шест руски филмови: „Ѕвезда“ (09.05 во 20ч), во режија на Николај Лебедев, „Ослободувањето: Последен јуриш“ (10.05 во 20ч), во режија на Јуриј Озеров, „Летаат жеравите“ (11.05 во 18ч), во режија на Михаил Калатозов, „Поп“ (13.05 во 20ч), во режија на Владимир Хотиненко, „Една војна“ (14.05 во 20ч), во режија на Вера Глаголева и „Ние сме од иднината“ (15.05 во 20ч), во режија на Андреј Маљуков.

Влезот за проекциите е слободен.

OhridNews