Селекцијата домаќин на Европското првенство Хрватска има максимален ефект после два одиграни натпревари, откако во втората рунда очекувано славеше над Исланд со 29-22. „Коцкастите“ во првото коло ја победија Србија, но го загубија Домагој Дувњак кој го повреди листот на десната нога.
– Оваа победа е за нашиот Дуле. Ние растиме од меч во меч и најдоброто од нас допрва доаѓа. – кратко прокоментира Лука Модриќ во микс зоната.
Маестрален меч одигра Игор Карачиќ кој натпреварот го заврши со четири голови без ниту едно промашување. – Не беше се` како што замислувавме, но во второто полувреме одговоривме на сите барања и со помош на Стевановиќ стигнавме до целта. – додаде Карачиќ.
Иако се уште не е потврдено Дувњак ќе го пропушти продолжението од ЕП, а хрватите во последната трета рунда ќе се судрат со Шведска.
ЕП: Блесок на „вардарци“ во триумфот на Хрватска
OhridNews