Луѓето склони на цинизмот имаат двојно поголем ризик за развој на деменција, сугерира истражување на фински научници.
Цинизмот не е добар за нашите социјални контакти, бидејќи луѓето не не сакаат кога сме такви, а ново истражување покажало и дека циничните луѓе имаат двојно поголем ризик за развој на деменција.

Нивните наоди се темелат на податоци собрани од 622 испитаници кои имале просечно 71 година. Истражувачите веруваат дека новите резултати се потврда дека личноста и погледот на животот може да имаат значително влијание врз здравјето.

Според нивните зборови, цинизмот би можел да биде поврзан со помали изгледи за здрава исхрана, физичка активност и когнитивни и социјални активности, познати фактори поврзани со намалување на ризикот за деменција.

Некои студии веќе го поврзале цинизмот со поголемата зачестеност на воспалителни процеси штетни за здравјето. Се проценува дека деменцијата погаѓа една третина од луѓето постари од 65 години.

 

извор:metro-portal.hr