Бразилскиот репрезентативец Нејмар ќе паузира три натпревари во Ла лига, откако дисциплинската комисија го казни за црвениот картон и постапките после исклучувањето на мечот меѓу Малага и Барселона.


Нејмар после вториот жолт картон, го вреѓаше главниот судија, а при влегувањето во соблекувалните Бразилецот цинично им аплаудираше на судиите. Комисијата не му ги прости испадите на Нејмар и го суспендираше три мечеви.


Бразилецот ќе го пропушти „Ел класико“ дуелот со Реал Мадрид кој можеби ќе одлучува за титулата во шпанска Примера.

OhridNews