Стотици дојави за изборни нерегуларности и прекршување на законот, бележи невладината „Цивил“, која неколку дена пред изборите се огласи дека претстојните локални не се ниту фер и демократски, ниту слободни и ненасилни.

„Нашите соработници на локално ниво на територија на цела Република Македонија, од теренот известуваат дека како што се ближи денот на гласање така зачестуваат ветувањата за вработување во локални или државни институции насекаде во државата. Партиските манипулации се најмногу насочени на загрозените, со што им ветуваат дека ќе напреднат на листата за вработување ако донесат поголем број гласачи.“ – велат од Цивил.
Од оваа невладина организација, ги охрабруваат граѓаните да гласаат слободно без притисоци, за онаа опција која најмногу им се доапаѓа.
OhridNews











