Христијанските верници денеска го слават втор ден Велигден. По тој поовод во сите православни храмови во Охрид се одржа Златоустова литургија.
Верниците масовно ги посетуваат црквите каде палат свеќи и се молат за здравје.
И утре, трет ден Велигден ќе има утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со почеток во 8.30 часот. Во Варош, богослужба ќе има во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“.
OhridNews