Селекцијата на Црна Горан на Европското првенство во Хрватска кое започнува на 12 јануари дефинитивно ќе настапи без најдобриот ракометар, Вуко Борозан.
Црногорскиот бомбардер кој инаку е член на македонскиот и европскиот првак Вардар имаше сообраќајна несреќа и не успеа да ги залечи повредите на бутниот мускул.
Драган Ѓукиќ селекторот на црногорците кој ги обвини македонските медиуми и Вардар за притисок над ракометарот го одржа зборот и до крај ја сочека ситуацијата со Борозан.
Црна Гора е еден од ривалите на Македонија во групата. Дуелот помеѓу двете селекции на програмата e во втората рунда на 15 јануари.
OhridNews