Екипата на Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиер лигата откако изгуби (2-1) на гостувањето во Сандерленд во воведниот натпревар од 26-та рунда во шампионатот.
Седмиот пораз на „црвените ѓаволи“ сезонава дополнително ќе му го загорчи и не така убодниот живот на Луис ван Гал на клупата од Манчестер. „Црните мачки“, пак, успеаја после речиси 20 години да го совладаа гигантот од Манчестер пред своите гледачи.
Домаќините поведоа во 3-та минута со голот на Казри, Ентони Марсијал успеа да го врати Јунајтед во игра за поволен резултат во 39-та минута. Победничкиот погодок фудбалерите на Сандерленд го постигнаа во 84-та минута кога Коне со помош на Де Геа ја затресе мрежата.
Со овој триумф Сандерленд стигна до 23-от бод сезонава, а „црвените ѓаволи“ после поразот го губат чекорот со ривалите за местата кои водат во Лигата на Шампиони.
OhridNews











